Skip to content

glisha/nl_za_pocetnici

Folders and files

NameName
Last commit message
Last commit date

Latest commit

 

History

39 Commits
 
 
 
 

Repository files navigation

Содржина

Холандија за почетници

Welkom.

За жал или за среќа многу од нашиот круг на познаници се доселуваат во Холандија и почна да нѐ "иритира" да ги повтараме истите работи на секои шест месеци. Ова се разни забелешки за првите неколку месеци живот во Холандија за скоро дојдени/во најава.

Ако сакаш да додадеш нешто стори го тоа тука.

Временска рамка за виза по highly skilled migrant scheme

Ова се однесува за временската рамка и други детали за добивање на виза пo highly skilled migrant scheme.

  • Критерум за добивање е единствено соодветен приход, односно договор за вработување
  • Диплома од факултет повеќе не е потребна при апликација
  • Потврда за неосудуваност повеќе не е потребна при апликација (со изјава на апликантот во апликацијата се покрива)
  • Интернационални изводи од Македонија се прифатени и не е потребно да се нострифицираат
  • Во ноември 2018, времето на чекање од апликација до одлука е 2 недели
  • Доколку се оддолжи времето на одлука за уште 2 недели, најчест проблем е дека IND не успеале да превземат пари од сметка на спонзорот и бараат спозорот да плати директно
  • По писмото со одлука, се закажува термин во локалната амбасада за да се земат биометриски податоци и да се издаде MVV виза или entry permit.
  • MVV визите се печатат во Македонија, по appointmentot во амбасадата во Скопје каде се земаат биометриски податоци, за 1 ден се издава визата. Ова е привремена виза за влез во трајност од 3 месеци.
  • Спонзорот ќе добие писмо кога трајната виза е изготвена (resident permit). Слободен термин за подигнување има после 3-5 недели. Закажи термин во IND за земање на трајната виза и термин за регистрација во општина навремено.

Здравствено осигурување

Во Холандија е задолжително да имаш здравствено осигурување. Откако ќе го добиеш твојот residence permit, имаш четири месеци да одбереш компанија која нуди здравствено осигурување. Добар ресурс за споредба на осигурителните компании може да најдеш тукa

Наплатата за здравственото осигурување е ретроактивна - ќе платиш и за месеците кои си немал здравствено а си бил ресистриран(а) во Холандија.

Превоз

Точак

Купи си точак!

Додека не најдеш точак што ти се допаѓа користи ги Swapfiets за да изнајмиш на месец/два. Имаат и електрични.

Возачка дозвола

Ако имаш македонска возачка дозвола откога ќе го добиеш 30% rulling замени ја македонската возачка дозвола со холандска. Во првите 6 месеци можеш да возиш со македонска + меѓународна возачка дозвола, но потоа таа ќе е неважечка. Лимит за замена од македонска во холандска возачка нема.

Процедурата за замена е опишана овде.

Доколку поседуваш кола регистрирана во Македонија, можеш да ја увезеш во Холандија во првите 12 месеци од твојот престој без да плаќаш царина и регистрациски даноци. Повеќе можеш да прочиташ овде.

Јавен превоз

За целиот јавен превоз низ Холандија користиш OV-chipkaart. Извади персонализирана.

Извади ја преку NS од тука со 40% попуст на off-peak/weekend возења (годишно е 50 евра). 40% попустот важи само за возови ама се наоѓа кога одиш до Ајдховен за Wizzair или кога се шеташ низ Холандија за викенди. 40% попуст важи и за тројца други што патуваат со тебе и тие не мора да имаат персонализирана картичка.

Исто така кога ќе ја извадиш персонализираната нa нејзе стави и OV-Fiets претплата која е бесплатна. Така ќе можеш да зимаш до два точаци од железнички станици. Ќе ти се најдат за гости пошто се поефтини отколку да изнајмуваш од точкари.

Автомобил

Short time rent

Ако живееш во Амстердам-Хаг-Ротердам, најдобра опција за кола е да правиш on demand short time rent. Во моментов најдобра опција е SixT Share. Возиш електрични, можеш да ги оставаш и паркираш низ цел град. Следни се My wheels и GreenWheels.

Стан

Становите се рентаат long-term. Газдите се пребирливи. Оди дотеран на интервјуата. Ако одиш со партнер, двете имиња стави ги во договорот за изнајмување, препорачливо за регистрацијата во општина.

Финансии

Visa vs Maestro

  • Кеш скоро и да не се користи.
  • Visa (дебитна/кредитна сеедно) скоро никаде не ја примаат.
  • Master кредитна скоро никаде на ја примаат.
  • Бидејќи за да отвориш NL сметка и да ја добиеш картичката ќе ти требаат недела/две, имај Maestro од Македонија.

Банка

Имаме искуство со Rabo, ABN AMRO и ING.

  • Tikkie се користи за раздолжување после кафана.
  • Grip автоматски ти категоризира и ти дава overview колку за што трошиш.

Новчарник

  • Кеш скоро и да не се користи + скоро за сѐ се користат CreditCard sized rfid картички.
  • Купи си Secrid или на Ebay има поефтини копии.

Online shopping

Битно е дека online-shopping функционира за сѐ.

  • Работите стигаат за 1-2 дена. Ако поштарот не те најде дома ги остава работите кај комшиите, не се паничи вообичаено е, понекогаш и ти ќе треба да земеш нешто за комшиите.

  • Тоа што не ти се свиѓа/не ти е точно, го враќаш по пошта бесплатно. Работите што ти си ги нарачал, не од комшиите.

  • Користиш iDEAL за плаќање со дебитната картичка директно преку твојата банка, сите сајтови што продаваат го поддржуваат.

  • https://www.marktplaats.nl/ - Пазар3 / Реклама5 тип на сајт. Широко распространет во Холандија на кој што може да се пронајде практично сѐ. Плаќањето се одвива на лице место, или преку трансакциска сметка. Внимавајте пред да купувате и уверете се дека продавачот е барем некое време активен на сајтот.

  • https://www.zalando.nl - Облека.

  • https://www.amazon.de - Често поефтино од холандските алтернативи. Downside е што 3-5 дена стигаат работите и ти треба кредитна.

  • https://tweakers.net/pricewatch/ - Техника. Агрегатор на повеќе сајтови.

  • https://www.bol.com/nl/, https://www.wehkamp.nl/, https://www.coolblue.nl/ - Општo.

  • https://www.fietshokje.nl/ - Точаци на старо

  • https://www.thuisbezorgd.nl/en/ - Порачка и достава на храна од разни места.

Влада

Регистрирај се на DigID. Се користи за да се најавуваш на сите сајтови на институции (Данок, Пензија, Здравствено, Општина...)

Учење Холандски

Холандски не ти треба за ништо, ама ако не планираш да се селиш за 5 години, пробај да научиш.

Разно

Апликации за мобилен

  • Радар за дожд (Buienradar). Ти треба бидејќи времето се менува во рок од 30 минути.
  • WhatsApp. Тука сите користат Whatsapp, не Viber или Telegram.

Специфично за градови

Хаг

Хаг Матичен доктор

Треба да си избереш матичен доктор со време, и да не си болен. International Health Centre The Hague се ок.

Хаг Продавници

  • Магазин Балкан - Само бугарски производи.
    • Бело кравјо/овчо сирење за шопска, кисело млеко.
  • M&R Супермаркет
    • Турски супермаркет со производи за емигранти.
    • ex-yu производи (вегета, краш, ајвар, плазма, кафе, босански ќебапи...)
    • Бел грав. Леќа.
    • Готови кори за гибаница, штрудла.

Хаг Facebook групи

  • For Sale in Den Haag
  • For sale Only in the hague !
  • Bikes For Sale in The Hague
  • Ако си трудна: Bumps and Babies Den Haag

Амстердам

Амстердам Продавници

  • Купување на користени работи е широко распростането. Многу неопходни работи (мебел, облека, опрема) има во „De Kringloper“ продавниците.
  • https://www.bataviastad.nl/ - Outlet за облека
  • https://prijatelji.nl/ - Балкански производи
  • http://www.companylukic.com/ - Балкански производи

Странава е достапна на http://holandija.spodeli.org

About

Холандија за почетници

Resources

Stars

Watchers

Forks

Releases

No releases published

Packages

No packages published