Замислата на нашиот проект е да се имплементира едноставна 2Д игра. Идејата за оваа игра ја земавме од игрите Chicken Invaders. Настанот во играта се случува во вселената, каде едно малечко летало се бори со непријатели. Целта на играта е најпрво да се уништата сите мали вселенски летала на непријателот за потоа да се стигне до главниот непријател, како и истиот да се уништи.
Играта се состои од 5 класи и 3 форми.
Класи:
• PlayerSpaceship.cs - за леталото со кое игра играчот
• EnemySpaceship.cs - за непријателските летала
• Boss.cs - за главниот непријател
• Weapon1.cs - за оружјето на леталото на играчот како и за оружјето на непријателските летала
• BossWeapon.cs - за оружјето на главниот непријател.
Форми:
• Home.cs - главна форма
• Form1.cs - играта
• HowToPlay.cs - правила на играта.
Да ја земеме на пример класата PlayerSpaceship.cs, сите променливи се прецизно дефинирани, односно нивните имиња се одбрани да одговараат на нивната намена. Оваа класа се состои од 9 функции. Во LoseLife() функцијата само се намалува бројот на животи на леталото. Move(int dx, int dy) се користи за придвижување на леталото по dx кое во главната функција е декларирано на -20 за лево и 20 за десно, dy=0. ChangePicture(Pictures p) се користи за менување на сликата кога се придвижува леталото. Draw(Graphics g) се користи за исцртување на сликите од леталото. Функциите AddWeapon1(), RemoveWeapon1(int i), MoveTheWeapon(int i) и getWeapon1(), се користат за првично поставување на ракетата откако ќе биде притиснато Space копчето, отстранување на сликата од ракетата откако ќе погоди некој непријател, за придвижување на ракетата, и за постаување листа од ракети соодветно. GetHit(Rectangle rec) функцијата се користи за испишување на пораката дека е изгубен живот откако леталото било погодено од страна на непријателот.
Изглед на играта:
• Почетно мени
• Играта со првите непријатели.
![Alt text](https://cloud.githubusercontent.com/assets/12282198/7552567/e9e92ae6-f6bb-11e4-852a-d613f8f01d3d.PNG "Stage1")• Играта со главниот непријател
![Alt text](https://cloud.githubusercontent.com/assets/12282198/7552568/eb5637e8-f6bb-11e4-8b54-a3ba00563b92.PNG "Satge2")• Упатството за играње
![Alt text](https://cloud.githubusercontent.com/assets/12282198/7552569/edaf42f0-f6bb-11e4-8550-361f08b4d3e1.PNG "HowToPlay")• Порака за излез од играта
![Alt text](https://cloud.githubusercontent.com/assets/12282198/7552572/f6aa69c0-f6bb-11e4-80fb-c4f2ebbc7ed5.PNG "Quit")• Порака за победа
![Alt text](https://cloud.githubusercontent.com/assets/12282198/7552570/f273ce14-f6bb-11e4-9c2e-cdcbc06b5122.PNG "You won")• Порака дека се изгубени сите животи
![Alt text](https://cloud.githubusercontent.com/assets/12282198/7552571/f56a62a4-f6bb-11e4-88ab-0baca692b513.PNG "Lose")Правила на играта: Контролите на играта се едноставни, односно оваа игра се игра со три копчиња, Left Key, Right Key и Space. Left Key и Right Key се користат за придвижување на леталото лево и десно, додека Space копчето се користи за пукање на ракети и соодветно уништување на непријателите. Играта се состои од едно ниво, и леталото има три животи. Најпрво во играта се појавуваат 21 непријателско летало кои се движат лево, десно, горе и долу и кои пукаат кон леталото на играчот. Играчот треба да ги уништи сите, но при тоа да внимава да не биде погоден. Кога ќе бидат уништени сите малечки летала се појавува главниот непријател. Животот на главниот непријател е претставен на прогрес бар на врвот на екранот. Главниот непријател исто така пука кон леталото со ракети. Кога леталото ќе го уништи, играта завршува.