-
Notifications
You must be signed in to change notification settings - Fork 119
Лабораториска вежба 6
Во оваа задача треба да се развие Windows Forms апликација за математичка игра во која ќе треба да се погодува сумата, разликата, производот или количникот на два броја. Играта трае една минута и притоа за секој погоден резултат корисникот добива 1 поен, на секој 10-ти поен добива плус 10 секунди за игра. Операцијата и броевите се генерираат случајно. Треба да се внимава при генерирањето на случајните броеви резултатот да не е негативен при одземањето, ниту пак да е децимален број при делењето. Исто така не треба да се вклучува бројот 0 во равенката.
Потребно е да се имплентира и копче „Најдобри играчи“, во кое ќе се прикажуваат играчите кои ја играле играта подредени по бројот на поени кои ги освоиле.
Преостанатото време од на играта да се прикажува на контрола ProgressBar
.
Креирајте класа Equation
, во која ќе ги чувате броевите, операцијата и резултатот. Чувајте тековен објект од Equation
во формата и сетирајте го со случајни вредности при избор на нова игра и при клик на копчето Погоди.
Креирајте класа Igrach
, во која ќе чувате информации за името и освоените поени на играчот. Креирајте листа од Igrach
во главната форма.
Еден начин за подредување на елементи во листа по даден атрибут е следниов:
igrachi = igrachi.OrderByDescending(x => x.poeni).ToList();
Бонус
Изменете ја играта така што наместо да се погодува резултатот се погодува математичката операција.