-
Notifications
You must be signed in to change notification settings - Fork 119
Упатство за изработка на проектната задача
Темата на проектната задача е по слободен избор и може да биде имплементација некоја едноставна апликација како на пример адресар, научен калкулатор, едноставна библиотека или видеотека. Исто така може да биде имплементација на некоја едноставна игра како Box World, X-точка, слогувалка или некоја друга игра која би сакале да се обидете да ја имплементирате во едноставна верзија.
Идејата за проектната задача слободно може да ја копирате од некоја веќе постоечка апликација или игра, но исто така се стимулира и креативно размислување и реализација на сопствена идеја.
Исто така се стимулира и имплементација на познати алгоритми за вештачка интелигенција во игри, како што е алгоритмот Min-Max with Alpha-Beta pruning. Дополнително, се стимулира и користење на шаблони за развој на софтвер.
За изработка на проектната задача препорачливо е да се групирате во групи од 2 - 3 студенти. За сите оние кои не се во можност да работат во група, може да ја работат индивидуално, меѓутоа тежината на проектната задача не треба да биде многу помала од оние кои се работат во групи.
Рок за пријавување на темата е 31.05.2024!
Пред пријавување на темата, задолжително консултирајте се со некој од професорите/асистентите за тоа дали темата е соодветна. Пријавувањето е за евиденција и треба да се заврши пред прикачување на проектната задача.
Секоја проектна задача мора да содржи:
- Проектот со целиот изворен код
- Кратка документација напишана во Word, Markdown, Latex, Asciidoc
Документацијата за проектната задача треба во максимум 5 страни да го содржи следново:
- Објаснување на проблемот (апликацијата - кои се функционалностите, за што служи, играта - како се игра и слично). Може да се додаде и линк или опис на постоечка апликација/игра која се обидувате да ја имплементирате.
- Да се опише решението на проблемот (кои податоци се чуваат, во какви структури, класи)
- Да се опише барем една ваша функција или класа од изворниот код на проектот
- Screenshots од изгледот на апликацијата/играта и кратко упатство како се користи/игра
Примери со солидна документација:
Целиот изворен код на апликацијата, заедно со документацијата се пакува во архива (rar, zip) и се поставува на courses.finki.ukim.mk во делот "Проектна задача". Ако проектот е поставен на github.com доволно е и само текстуална датотека со линк до проектот.
Прв рок: 7.7.2024г. 23:59 ч.
Втор рок: 1.9.2024г. 23:59 ч
Напомена: Проектите предадени во вториот рок ќе добијат најмногу 70% од предвидените поени.
а треба да се постави на Courses во делот за Проектна задача. целосниот изворен код на проектот или txt
датотека со линк до изворниот код на проектот од Github или Dropbox.
Дозволено е користење на готов код или готови класи и функции како и копирање на идеи, но не е дозволено копирање и користење на готови проекти и менување на неколку функционалности. Секој обид за предавање на проектна задача која е претходно изработена за овој предмет или некој друг сличен, ќе се смета за плагијат и ќе биде најстрого санкциониран (проектната задача нема да биде признаена, што значи нема да може да се добие потпис и предметот ќе мора да се презапише).
Соодветно на ова, секој обид (макар и неуспешен) за имплементација на сопствена идеја ќе биде соодветно награден.
- Adresar
- All lights
- Bingo
- Black Jack
- Chat
- Crtanje (Paint)
- Box World
- X-tocka
- Симулација раскрсница на пешачки
- Симулација семафори
- Симулација лифт
- Текстуален уредувач (nodepad)
- Меморија
- Mineswepper
- Bomberman
- Puzzle
- Slot машина
- Автобуска
- Рецепти
- World Cup
- Стрелиште
- Бесилка
- Брзо гагање
- Видеотека
- Игра - круг
- Snake
- Кладилница
- Калкулатор
- Милионер
- IQ тест
- База од книги
- Find editor
- Математика за деца
- Кафе-бар
- Потсетник со тајмер
- Spell check
- Распоред
- Роковник
- Рулет
- Слика
- Собирање филмови бази
- Хороскоп
- Прегледувач на слики
- Matrix trajectory
- Балони
- Биоритам
- Конверзија на валути и други единици
Креирање на GitHub репозитори кое ќе содржи:
- изворниот код на проектот
- README.md со документација за проектната задача
- вклучени колаборатори (сите учесници во проектната задача)
- за да се освојат поените потребно е да постои вистинска колаборација, односно сите учесници во проектот да имаат барем еден commit. Доколку имате индивидуален проект потребно е да користите feature branch workflow за да го добиете бонусот.
Правилно имплементирано ова носи бонус 10% од вкупно поените.
Примери на проектни задачи на github.com
- https://github.com/scvetkovski/WarPlaneGame
- https://github.com/Sandra012/SpotTheDifference
- https://github.com/MilanDukovski/Hangman
- https://github.com/aceandonov/Kristina_Kocovska_115039_i_Aleksandar_Andonov_115004
- https://github.com/Alexandra113021/Oblozuvanje_So_Kucinja
- https://github.com/AndreevskiAleksandar/HiddenObjectGame
- https://github.com/ibozinova/VP.git
- https://github.com/moniqwerty/sudoku
- https://github.com/Dikic/FinkiManEscape
- https://github.com/IlievskiV/VP-Seminarska
- https://github.com/andreabozarevska/Test
- https://github.com/SuadSaliu/pang_game_source
- https://github.com/marija92/TrainYourBrain
- https://github.com/MihailVladimirVP/Chess
- https://github.com/ZombieMK/Hangman
- https://github.com/stefanprojchev/Frizersko-Studio
- https://github.com/ProjectVP/VisualProgramming/
- https://github.com/dac7/Seminarska-vp
- https://github.com/MartinPavlovski/VPSeminarska
- https://github.com/DonExo/Tic-Tac-Toe
- https://github.com/Acika00mk/VP_Project1
- https://github.com/darko-dimitrievski/BreakBall
- https://github.com/emiovska/Vizuelno
- https://github.com/druidalek/TheHive
- https://github.com/vtozija/vedranavelina
- https://github.com/NCuculova/NoRedrawingNoJumping
- https://github.com/BojanaSamardzioska/Seminarska
- https://github.com/Dushica/AllorSomethingTheReal
- https://github.com/SMGroup/Jamb
- https://github.com/SCMakRu/Bubble-shoots
- https://github.com/MilanStojanovski/VPSeminarskaZmija
- https://github.com/viktor11/Bachvarovski_Dimitar_115011_Lukovic_Viktor_115040
- https://github.com/NatashaL/Sudoku
- https://github.com/janceski/Sokoban
- https://github.com/bokiscout/SimpleClipboardManager
- https://github.com/nenadstojanovikj/Kinoteka
- https://github.com/EndOfLinee/AwesomeGallery
- https://github.com/tommy-tomoski/Blackjack
- https://github.com/EraseAndRewind/BubbleTrouble/tree/new
- https://github.com/KristijanNaumovski/VP_PROEKT
- https://github.com/tivanov/BackupSync
- https://github.com/makedon4e/HotDogBush
- https://github.com/jmilenkoski/Visual
- https://github.com/bogdanovskia/tankBattleground
- https://github.com/nsaloski/Kamatni-Listi
- https://github.com/ADrvoshanova/Dots/tree/develop
- https://github.com/alabro/StarWarsVP
- https://github.com/mPopovska/Sudoku-master
- https://github.com/toshevski/AirFighter
- https://github.com/vtaseski/TheWorldsHardestGame
- https://github.com/darthzilla/dragon-slayer
- https://github.com/bojanp94/AA-Game
- https://github.com/gambleros/blackjack
- https://github.com/RagingGummyBear/rogue_game
- https://github.com/dMeshko/Fly
- https://github.com/harismandal/ProektVP
- https://github.com/aNqa/Snake
- https://github.com/ikichukov/TetrisWorld
- https://github.com/Dejan69/Vegetable-Ninja
- https://github.com/MarijaPopova/SpringNinja
- https://github.com/Peshou/VPFruitySlots
- https://github.com/StefanovskiFilip/FinkiWebBrowser
- https://github.com/Kirkhammett/VPBiblioteka
- https://github.com/AnaBendovska/DeepSpaceBattles
- https://github.com/kmijajlevska/QuizSharp
- https://github.com/marija283/bubble_trouble
- https://github.com/Ivanna24/Seminar_Work-Visual_Programming